Иако електричниот модел „i3“ премиера ќе има дури во септември на авто-салонот во Франкфурт, во „БМВ“ изјавуваат дека веќе 100.000 луѓе се пријавиле за тест возење на овој автомобил.
„БМВ i3“ ја предводи новата генерација автомобили со алтернативни погонски системи на баварскиот производител.
Концептната верзија на овој електромобил беше претставена во 2011 година, заедно со прототипот на спортското „БМВ i8 Плуг-Ин Хибрид“, а освен моделот на електричен погон, на купувачите ќе им биде понудена и верзијата со продолжен радиус на движење.
Овој модел ќе биде опремен и со мал бензински мотор што исклучиво ќе служи како генератор за дополнување на батериите од кои електромоторот се снабдува со струја.
Шефот на маркетинг и продажба во „БМВ“, Иан Робертсон, очекува „i3“ да го разбранува пазарот на овој вид автомобили и истакнува дека неговата компанија освен бројните барања за тест возења веќе примила и „значителен број депозити“ од идните купувачи.
Во разговор за „Automotive news“, Робертсон навести дeка вo следните неколкугодини ќе дојде до голем напредок во развојот на батериите што ги придвижуваат електромобилите, каков што не е постигнат во претходните 100 години.
Моделот „i3“ е придвижен од електричен мотор со сила од 125 кЊ/170 кс, што располага со 250 Нм константен обртен момент.
Автомобилот, со целосно полна литијум-јонска батерија, во состојба е да мине 100-145 километри, додека верзијата со продолжен досег на движење и опремена со двоцилиндричен бензински мотор може да има радиус и до 400 километри.