Македонскиот тенисер Бесир Дургути беше немоќен во мечот од првото коло на фјучрс турнирот Ф18 во египетскиот туристички центар Шарм Ел Шеик против првиот носител Жермен Гигуно од Белгија и успеа да освои четири гема.
Противникот го доби дуелот со 6:1 и 6:3 во гемови.
Во игра на двојки Дургути со Стефан Мицов попладнево ќе играат во четвртфиналето против третите носители аргентинско-италијанската комбинација Гастон – Артуро Гримолици и Џорџио Порталури.
Стефан Мицов утре во мечот од 2.коло за противник ќе го има третиот носител Адам Павлашек од Чешка, кој со 6:0 и 6:2 го победи Карим Кадри.