Дурент, на крајот, останува во Бруклин

Од:

Кевин Дурент останува член на Бруклин нетс, објавија од НБА клубот, преку изјава од генералниот менаџер на клубот, Шон Маркс, ставајќи крај на шпекулациите околу иднината на ѕвездата.

„Тренерот Стив Неш и јас се сретнавме со Кевин Дурент и Рич Клајмен во Лос Анџелес вчера и се согласивме да продолжиме со нашето партнерство. Се фокусираме на кошарката со единствена цел – да се изгради тим кој ќе ја донесе титулата во Бруклин“, изјави Маркс.

Дурент првично побара трејд на 30 јуни, а потоа во разговор со газдите на клубот изјави дека мора да бираат помеѓу него и двојката Неш-Маркс. Сепак, Неш и Маркс си ја задржаа својата работа, а Дурент ќе го исполни четиригодишниот договор вреден 198 милиони долари.

Нетс во текот на летото се мачеа со ситуацијата со Дурент и со Кајри Ирвинг, кој лани играше само 29 меча откако реши да не се вакцинира против КОВИД-19 и побара трејд. Сепак, за него немаше понуди и тој ќе ја исполни последната година од договорот.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on