Дурант: Тео ја изведе најдобрата асистенција која сум ја видел

Од:

Еден од најдобрите светски кошаркари Кевин Дурант изјави дека е нестрплив да го види Милош Теодосиќ кој оваа сезона ќе настапува за ЛА Клиперс.

– Тео ја има изведено најдобрата асистенција која сум ја видел во животот. Помина покрај нас, влезе во рекетот и ја додаде топката преку глава на соиграчот кој се наоѓаше на линијата за три поени. Целосно ме излуди со тој потег. Со нетрпение чекам да видам како ќе игра овде, истакна Дурант.

Асистенцијата која го воодушеви Дурант, српскиот кошаркар ја изведе на Олимпијадата во Рио во 2016 година за време на натпреварот меѓу Србија и САД.

Теодосиќ последните шест години играше за ЦСКА Москва по што одлучи да се испроба во НБА лигата. Настапувал и за Олимпијакос, Борац Чачак, ФМП Железник. Со репрезентацијата на Србија има три сребрени медали од Олимпијада, Светско и Европско првенство.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот