Дурант: Околу Леброн има отровна медиумска средина

Од:

Кевин Дурант изрази интересно мислење за тоа зошто многу играчи не сакаат да му се приклучат на Леброн Џејмс, кој моментно е дел од Лос Анџелес Лејкерс.

Во летниот период, најголемата кошаркарска ѕвезда во светот потпиша четиригодишен договор со вториот најтрофеен тим на НБА.

Неговиот противкандидат од Голден Стејт, сепак, смета дека медиумската средина која се создала околу Џејмс е крајно непријатна и придонесува значителен дел од кошаркарите да одбиваат да играат заедно со „кралот“.

– Постои бучава околу Леброн, што доаѓа од другите. Има толку многу опсесивни навивачи меѓу вас новинарите. Некои од нив отворено му се умилкуваат. А ние играме кошарка и понекогаш тоа воопшто не е на агендата. И тогаш сфаќам зошто некои луѓе не би сакале да бидат во таква отровна медиумска средина. Особено кога вниманието е врз работи кои не се поврзани со играта. Не ме сфаќајте погрешно, Леброн не е виновен. Но, некои од вас се фаќаат за секој збор и го претвораат во нешто. Едноставно оставете не да играме кошарка, изјави Кеј Ди.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот