Дурант го пропушта Мундобаскетот во Шпанија

Од:

Најдобриот играч на претходното Светско првенство во кошарка Кевин Дурант нема да биде дел од американската репрезентација на претстојното Светско првенство што ќе се одржува во Шпанија.

Причината поради која ќе го пропушти Мундобаскетот, играчот на Оклахома Сити ја образложи со заморот од напорната сезона во НБА лигата.

– Ова беше тешка одлука од причина што сум горд секогаш кога играм за мојата земја. На соиграчите им должам максимална ангажираност, но по тренинг кампот увидов дека овојпат нема да можам максимално да се посветам на работите. Притоа ќе треба добро да се подготвам и за новата сезона во НБА лигата , изјави Дурант, кој оваа сезона со својот тим играше во финалето на Западната конференција.

Менаџерот на кошаркарската репрезентација на САД, Џери Коланџело за одлуката на Дурант го информирал и селекторот Мајк Кжижевски.

САД кои ја бранат титулата светски првак во првата фаза од Мундобаскетот во Шпанија (почнува на 30.август) се наоѓаат во Ц групата со селекциите на Доминиканска република, Финска, Нов Зеланд, Турција и Украина.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос