Дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Тим ќе се доигра утре

Од:

Дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим од полуфиналето на Отвореното првенство во тенис на Франција ќе биде доигран утре, 8 јуни.

Одлуката беше донесена од страна на судиите малку по прекинувањето на средбата поради дожд.

Победникот од дуелот помеѓу Тим и Ѓоковиќ ќе се соочи против Рафаел Надал во финалето на „Ролан Гарос“ во недела. Претходно денеска, 11-кратниот шампион Надал го совлада Роџер Федерер со 6:3, 6:4, 6:2.

Средбата меѓу лидерот во светската АТП листа, Новак Ѓоковиќ и четврторангираниот Доминик Тим, беше прекината при резултат 6:2, 3:6, 3:1 за Австриецот, кој ќе сервира при враќањето на двајцата на теренот утре.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ