Државно првенство во скијање за основни и средни училишта во Ски-центарот „Копанки“

Од:

На 16-ти февруари, со почеток во 11 часот во Ски – центарот „Копанки“ на Пелистер ќе се одржи Државно првенство во скијање за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција.

Првенството е во организација на „Федерацијата на училишен спорт на Македонија“ во соработка со „Сојузот на училишен спорт Битола“, „Скијачката Федерација на Македонија“, во техничка организација на Скијачкиот клубот „Пелистер“ и Ски – центарот „Копанки“ на Пелистер со кој стопанисува „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје.

Натпреварите ќе се одржат во ВЕЛЕСЛАЛОМ и право да учествува има секој општински центар со натпреварувачи во секоја категорија. Котизацијата за учество во висина од 100 денари е на товар на натпреварувачите.

Пријавувањето за учество на Велеслаломот за деца е најдоцна до 15.02.2018 година на e-mail: [email protected] во следниве категории:

I. Одделенска настава (трето, четврто и петто одделение) – машки и женски.
II. Шесто и седмо одделение – машки и женски.
III. Oсмо и деветто одделение – машки и женски.
IV. Прва и втора година средни училишта – машки и женски.
V. Трета и четврта година средни училишта – машки и женски.

ПРАВО НА УЧЕСТВО: – Основни училишта родени 2002 и помлади.
– Средни училишта родени 1998 и помлади.

Пријави на лице место нема да се примаат.

Сите натпреварувачи ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носат заштитна капа (кацига).
На натпреварувачите без кацига нема да им се дозволи да се натпреваруваат.

Првопласираните учесници (прво, второ и трето место) добиваат медал и диплома, а професорите дипломи за учество.

Повеќе информации на: 075/414-341и 071 / 222 – 960.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска