Капитенот на Брегот на Слоновата коска искажа разочарување од одлуката на неговиот селектор да не го стави во првиот состав на натпреварот против Јапонија.
– Разочаран сум, бидејќи не го почнав мечот, но морам да ја почитувам одлуката на селекторот. Сакав да им помогнам на соиграчите да стигнат до победата и успеав во тоа. Бев мотивиран и покрај разочарувањето, потенцира Дрогба.
Напаѓачот на Галатасарај во игра влезе во 62.минута, а само две минути подоцна неговата репрезентација изедначи, за во 64.минута да го постигне и победничкиот гол.
Брегот на Слоновата коска на 19 јуни против Колумбија го игра натпреварот од 2.коло во групата Ц во која уште е и Грција.