Поранешниот напаѓач на Челзи, Дидие Дрогба, стави крај на богатата фудбалска кариера. Тој во последниот свој дуел за Феникс загуби од Луисвил со 1:0 во во финалето на плеј-офот од американскиот УСЛ куп.
Легендарниот фудбалер од Брегот на Слоновата коска, во март го прослави 41 роденден. Дрогба најави останување во клубот каде е еден од тројцата сопственици.
Во текот на кариерата играше за Монтреал Импакт, Галатасарај, Шангај, Марсеј, Ле Ман, Гингамп и Челзи. Со „сините“ од Лондон во која во 2012 година го освои трофејот во Лигата на шампионите. Токму Дрогба со реализација на последниот удар во пенал-серијата му донесе победа на Челзи над Баерн во финалето во Минхен.
Има и четири титули во Премиер Лигата, како и трофеи од ФА купот, Лига купот, Комјунити Шилд.