Дрим тимот на Америка создаден за историски рекорди

Од:

Американските кошаркари со 156:73 и разлика од 83 поени ја декласираа репрезентацијата на Нигерија со што го срушија олимпискиот рекорд од 1988 година во кој Бразил постигна 138 поени против Египет.

Американците погодуваа од сите позиции. Соборен беше и рекордот за три поени кој изнесуваше 29 од 46 обиди со што ги надминаа 13-те тројки од 2008 година. Во првата четвртина за три поени реализираа 11 од 13 обиди.

Кармело Ентони постигна 37 поени што исто така претставува нов рекорд за репрезентацијата на САД. Импресивна кошарка со многу убави потези. Со ваква игра тешко дека ќе има противник кој ќе се спротивстави на американската репрезентација, составена од многу ѕвезди меѓу кои се Коби Брајант и Леброн Џејмс, кои пак вечерва практично поголемиот дел од натпреварот го поминаа на клупата.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он