Дреновац: Опстанокот во АБА лигата речиси обезбеден

Од:

Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром Ѓорѓе Дреновац смета дека по победата над Крка опстанокот е најверојатно обезбеден на пет кола до крајот на основниот дел.

– Мислам дека со оваа победа 99% обезбедивме опстанок во АБА лигата. Направивме кикс пред две кола кога изгубивме на домашен терен од Сутјеска. Сега сме во помирна ситуација затоа што имаме добри резултати против тимовите од долниот дел на табелата. Борбата за опстанок никогаш не било понеизвесна, иако мислам дека во наредните две кола се ќе биде појасно, изјави Дреновац во интервјуто за клупската веб страна.

Тој сезонава е прв стрелец и најдобар играч на „сино-белите“.

– Клучот за се е во добрата и напорна работа. Тренираме добро, владее добра атмосфера во екипата, така да сигурно тие две работи се најбитни. Покрај тоа, доделена ми е улога на еден од лидерите на тимот, добивам доста минути и играм со полна самодоверба, така што сум доста задоволен.

Српскиот интернационалец ги повика навивачите во поголем број да допаѓаат на натпреварите на македонскиот шампион, а тој во име на сите кошаркари вети максимална борбеност и залагање за што подобар пласман.

– Што се однесува до нас, ќе дадеме се од себе да избориме што подобар пласман. Имаме три натпревари против трите најдобри екипи во лигата, па тоа може да биде прав тренинг но и слика за тоа што можеме да оствариме. Со самото тоа ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да не подржат во борбата за добри резултати оваа сезона, истакнува Дреновац.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос