Дрејмонд Грин, кошаркарот на Голден Стејт Вориорс имаше неколку интересни коментари за Чикаго Булс и генерацијата која доминираше во НБА во средината на 90-тите години од минатиот век.
Дрејмонд Грин верува дека тимот на Голден Стејт Вориорс од 2017 лесно би ги победил Мајкл Џордан и Чикаго Булс од 1998 година.
Кога станува збор за тимот на Јута од таа година, Дрејмонд мисли дека победата би била многу убедлива.
„Го гледам финалето на НБА во 1998 година помеѓу Булс и Јута и не можам а да не забележам дека нашиот тим од 2017 година лесно би го победил Чикаго, а Јута Џез би ја победиле со најмалку 40 поени, доколку би играле ваква кошарка.Затоа е глупо да се споредуваат епохи“, напиша Грин.
Луѓето често ги споредуваат тие Голден Стејт Вориорс и Чикаго Булс, ги сметаат за најдобрите тимови што некогаш сме ги виделе.
Покрај Мајкл Џордан, тогаш за Булс играа Скоти Пипен, Денис Родман, Тони Кукоч, Стив Кер творецот на овие Вориорс. Во 2017 година Кер во тимот, покрај Грин, ги имаше Кевин Дурант, Стеф Кари, Клеј Томпсон и Андре Игудала.
Извор: Топспорт