Драстично зголемени цените на хотелските соби во Франција за време на ЕП

Од:

На Европското првенство во фудбал чиј домаќин е Франција се очекуваат два милиони навивачи во десетте градови домаќини каде ќе се играат 51 средби. Хотелиерите веќе си ги тријат рацете од најавената заработувачка, применувајќи го принципот на побарувачка на пазарот, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според анкетата на ревијата „К шуазир“, во Лил, Ленс, Лион, Бордо, Сант Етиен, Марсеј и Ница исполнетоста на хотелите за време на ЕП достигнува веќе 90%.

Но, проблемот е во тоа што цените „побудалуваат“ и тие што доцнат да резервираат ќе мораат длабоко да брцнат во џебовите. Испитувајќи ја понудата на 440 хотели, се констатира зголемување на цените за 45% во ноември 2015. По извлекувањето кое што беше во декември 2015, цените се зголемија за 67%.

Цените се вжештуваат, тие се за цели 80% поскапи во однос на другите денови.

Кај „Букинг.ком“ цените просечно се зголемија за 40 до 60% во однос на истиот период минатата година. Организаторите и хотелиерите уверуваат дека тоа е разумно и разбирливо кога се организираат ваков вид на настани, посебно во помалите градови каде хотелското сместување е ограничено.

Така „Кампанил“ во близината Лил, ја зголеми цената за три пати за време на фудбалскиот настан достигнувајќи цена од 196 евра за една ноќ. „Апартхотел“ во Лил во центарот нуди соба за 370 евра. Но палмата за најскап хотел е во Сант Дени во обичен „Ибис“ со три ѕвездички хотел цената ќе биде 346,80 евра за една ноќ, односно покачување за 660% за првата средба Франција-Романија.

Не се очекува да има намалување на цените, напротив тие можат и понатаму да растат, а споредбата на ревијата е направена со цените кои се објавени една недела пред почетокот на Европското првенство во фудбал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП

Ана Ололовска

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

Ана Ололовска

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Жарко Настоски