Шкотлаѓанецот Грем Дот на импресивен начин го совлада Англичанецот Џад Трамп во четвртфиналето од Мастерс турнирот во Лондон кој се игра во „Александра Палас“.
Дот поведе со 2:1, потоа Трамп го освои единствениот фрејм во мечот, следуваа два лесни фрејма за Дот, а во шестиот Трамп пропушти шанса, за цо седмиот Дот да направи троцифрен брејк и да се пласира во полуфиналето.
А таму ќе игра против подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Марк Селби и Марк Вилијамс.