Лука Дончиќ, кој се споменува за потенцијален бр.1 на НБА драфтот, не сакаше да каже дали ќе игра во Лигата следната сезона.
Бекот на репрезентацијата на Словенија и Реал Мадрид сигурно ќе се најде на врвните позиции, и многу експерти го посочуваат како можен прв избор.
– Ќе видиме што ќе се случи кога ќе заврши сезоната. Тогаш сите ќе знаеме повеќе, изјави 19-годишниот Словенец пред средбата на Реал Мадрид со Црвена ѕвезда во Белград.
Дончиќ игра наверојатно во Европа оваа сезона и во 25 натпревари во најсилниот турнир на континентот има 16,8 поени, 4,8 скока и 4,6 асистенции. Реал е на врвот во пласманот во Евролига.