Најдобриот играч на Далас маверикс, Лука Дончиќ, посакува Кристапс Порзингис да остане во клубот и следната сезона.
– Тој е одличен играч. Не знам каков ќе биде нашиот состав во новата сезона. Се чини дека имаме неколку слободни агенти. Во НБА се е подредено така што секоја година имате нови партнери, па не знам што ќе се случи. Но, тој е одличен играч. Мислам дека треба да го користиме поактивно, истакна Дончиќ.
Претходно беше објавено дека Порзингис е незадоволен од неговата улога во Далас, наспроти важноста на 22-годишниот Словенец.
Американските медиуми шпекулираат дека двајцата кошаркари се во „војна“ кој да биде лидер на тимот.