Италијанецот Доминик Париз победи на спуст трката во Кицбил, која се возеше на патеката Штрајф.
Париз, до најголемата победа во кариерата стигна со време од 1:57.56 минути, што за 13 стотинки беше побрзо од времето кои го постигна второпласираниот Ерик Геј од Канада.
Честа на домаќинот ја одбрани Ханес Рајхел кој трката ја заврши на третата позиција.
На Штрајф трката ја следеа 45.000 гледачи меѓу кои беа Феликс Баумгартер, Арнолд Шварценегер, Џорџ Клуни, Ники Лауда, Лук Алфан и Дејвид Култард.