Dodge на своите љубители им понуди подобрена верзија на Viper наменета за возење на патека, а моделот ќе ја носи ознаката TA која наводно означува „Time Attack“.
Овој модел е одговор на Chevrolet Corvettе ZR1, а ќе се произведе во 33 примероци и сите ќе бидат во портокалова боја.
Има 8,4 литарски V10 мотор кој развива 640 коњски сили, а стандардната амортизација е заменета со спортски модели предвидени за на патека, посилни Brembo сопирачки како и Pirelli P Zero Corsa гуми.
Од 0-100 изнесува 3,3 секунди, а видете го видеото за тоа дали Viper TA ќе успее да го собори рекордот на ZR1 на патеката Лагуна Сеци.