Доделени спортските награди „13 Ноември”

Од:

Сојузот на спортови на град Скопје, денеска традиционално во пресрет на празникот на градот ги додели наградите „13 Ноември” во областа на спортот.

Согласно критериумите, Управниот одбор на Сојузот на спортови на град Скопје на седницата на 3 ноември донесе одлука наградите да ги понесат:

– Наградата за спортист на Скопје – автомобилистот Игор Стефановски-Иџе.

– Награда за особени постигнувања – алпинистот Здравко Дејановиќ.

– Награда за тренер – Иван Лесовски.

– Награда за спортски работник – Панче Јакимовски.

– Од спортските педагози наградени се професорите по физичко образование Игор Зафировски и Енвер Мифтари,

– Награда за шах – фиде мајсторот Димитар Илиевски.

– Награди за спонзори – Дејан Панделески и Сергеј Самсоненко.

– Награда заекипа – женската ракометна екипа на Вардар.

– Наградата за спортски новинар – Перо Момировски.

– Лазар Лечиќ го понесе признанието за животно дело.

Од оваа година Сојузот почнува со врачување благодарница за еден од спортските медиуми кои даваат голем придонес во развојот на спортот. Годинава признанието му припадна на „Спортското радио 90.3“.

Би можело да ве интересира

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“

79 години ослободувањето на Скопје

Катерина Ѓуровски

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“

МКЦ е добитник на наградата „13 Ноември” на Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје

Ана Ололовска

Промоција на „Скопски есеи“ од Јелена Лужина по повод Денот на ослободување на Скопје

Ана Ололовска