Во конкуренција на Џејмс Харден од Хјустон и Каваи Ленард од Сан Антонио, кошаркарот на Оклахома Расел Вестбрук ја доби наградата за најкорисен играч – МВП која му беше доделена на гала-свеченост ноќеска во Њујорк.
Вестбрук сезоната 2016/17 ја заврши со просечни 31.6 поени, 10.6 скока и 10.4 асистенции по натпревар.
Признанието за најдобар одбранбен играч одтиде кај Дрејмонд од Голден Стејт. Тој ги победи Каваи Ленард и Руди Гобер.
Малком Бродон од Милвоки ја доби наградата за најдобар дебитант (Руки) на годината.
Предводникот на Хјустон, Мајк Д’Антони е прогласен за најдобар тренер на годината.
Наградата за најдобар шести играч отиде кај Ерик Гордон исто така од Хјустон, додека Јанис Адетокумбо е прогласен за кошаркар кој најмногу напредувал.
Специјалната награда за животно дело му припадна на легендарниот Бил Расел.