Џон Тери се прости од националниот дрес

Од:

Џон Тери, дефанзивецот на Челзи, реши да ја заврши богатата репрезентативна кариера. Оваа вест ја шокираше англиската спортска јавност. Денес Тери ќе излезе на сослушување пред Англискиот Фудбалски Сојуз, заради обвинението за расистичка навреда на Антоан Фердинанд. Граѓанскиот суд го прогласи Тери за невин.

„Репрезентативната кариера ја завршувам и тоа е дефинитивна одлука. Оваа изјава ја давам пред сослушувањето, и сметам дека FA со форсирањето на ова обвинение, мојата позиција во репрезентацијата ја направи невозможна“ – рече Џон Тери.

Стоперот на Челзи досега има 78 репрезентативни настапи, а дебитираше во далечната 2003 година.

Би можело да ве интересира

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година