Џејсон Кид замина во пензија

Од:

40-годишниот НБА ветеран Џејсон Кид одлучи да стави крај на својата богата кошаркарска кариера и да замине во пензија. Досегашниот плејмејкер на Њујорк никс, во 19-годишната кариера настапуваше и за екипите на Феникс, Њу Џерси и Далас, со кој во 2011 година ја освои шампионската титула. Иако лани потпиша тригодишен договор со тимот од Големото јаболко, кошаркарската икона одлучи дека е дојдено вистинското време да се повлече.

– Мојата кариера е навистина неверојатна. Кога почнував, не ни сонував дека ќе стасам до тука, и дека на крајот од кариерата ќе има ваков статус. Им благодарам на сите кои ме подржуваа, моето семејство, соиграчите и навивачите. Во текот на овие години настапував за четири тима и за сите ме поврзуваат одлични спомени, убави емоции и пријатели кои ги стекнав – изјави 40-годишниот Кид.

Кид одигра 1.391 натпревар, со што се наоѓа на шестото место на вечната листа, притоа забележувајќи 17.529 поени. Тој е втор најдобар кошаркар по бројот на асистенции на вечната листа, со 12.091 асистенции, зад славниот Џон Стоктон, а исто така е трет е во историјата на лигата со 107 трибл-дабл постигнувата, и прв меѓу бековите по бројот на скокови (8.725).

Тој 10. пати има настапено на Ол стар натпреварите, четири пати е избиран во првата дефанзивна петорка на лигата, а оваа сезона стана првиот играч кој два пати едноподругп ја добива наградата „Џо Думарс“ за фер плеј.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on