Леброн Џејмс ја презеде контролата во НБА финалето, постигна 29 поени и 14 скока во победата над Оклахома од 91:85 за водство од 2-1 во серијата.
Двејн Вејд придодаде 25 и по седум скока и асистенции. Кај Оклахома Дурент имаше 25 поени но и проблем со личните грешки.
Мајами зостануваше 10 поени во третата четвртина, но ја презедоа контролата и поведоа при крајот на четвртината, а Дурент ја имаше и петата лична во тој период.
Натпреварот број 4 е во среда наутро.