Џејмс Харден во Хјустон

Од:

На два дена пред стартот на новата НБА сезона управата на Тандер го трејдуваше Џејмс Харден во Рокетси во размена за Кевин Мартин, Џереми Лемб, два идни пика од првата и пик од втората рунда на драфтот.

Причина за ваквиот ненадеен потег на менаџментот на Оклахома Сити е одбивањето на Харден да потпише нов, четиригодишен договор со Тандер за помалку од максимално можните 60 милиони долари. Нешто што стана јасно по неприфаќањето на понудата на Тандер од 52 милиони долари за четири години од страна на актуелниот најдобар „шести играч“.

Тоа веднаш го вклучи алармот во Оклахома Сити, каде не чекаа многу за да пронајдат решение за целата ситуација. Како трејд-партнер веднаш се јави Хјустон, кој покрај Харден ги доби и Кол Олдриџ, Декуан Кук и Лазар Хејворд. Во спротивен правец заминаа Кевин Мартин, Џереми Лемб, два идни пика од првата и пик од втората рунда на драфтот.

Губењето на Харден, кој беше важен дел од успехот на Тандер минатата сезона секако дека е удар врз амбициите на тимот во претстојната сезона, а во Оклахома Сити се надеваат дека во комбинација со нивните главни играчи – Дурент, Вестбрук, Ибака и Перкинс, добро ќе се снајде и искусниот Мартин, кој во својата кариера има просек од 18.4 поени. Нормално, доколку Мартин успее да ги надмине проблемите со повредите кои го мачеа последниве неколку години.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on