Дизајнерот Давид Обендорфер ја исфрли модерната верзија на моделот „Фиат 127“

Од:

Ретроманијата станува се позастапена во автомобилската индустрија, особено кога станува збор за дизајнот, па од тие причини независниот дизајнер Давид Обендорфер го претстави своето видување на современата верзија на моделот „ФИАТ 127“.

Оригиналниот „ФИАТ 127“, што се произведуваше од 1971 до 1983 година, беше олицетворение на едноставен дизајн со јасни линии и добри пропорции. Како таков беше препознаен од стручната автомобилска јавност, која во 1972 година го избра за Автомобил на годината во Европа, но и од страна на купувачите, па стана еден од најпродаваните модели на европскиот пазар.

Со оглед на фактот дека овој автомобил и ден денес привлекува внимание каде и да се појави, дизајнерот Давид Обендорфер, кој е познат по модерната интерпретација на моделот „Рено 4“, одлучи да му даде нов сјај. Неговото многу интересно решение на новата „127-ца“ ги задржа основните линии и пропорции на оригиналниот дизајн, а автомобилот порасна во согласност со потребите на современите корисници.

Како и старата верзија, и новиот „ФИАТ 127“ ќе има каросерија на купе, покренат нос и високо поставени фарови. И задниот дел на автомобилот со закосена врата на багажникот и тесни стоп светла потсетува на решението од оригиналниот модел.

Иако има мали шанси „ФИАТ“ воопшто и да ја разгледа можниоста за производство на новата верзија на моделот „127“, оваа идеја веројатно ќе имаше смисол, со оглед на успехот на модерниот „ФИАТ-500“ и умешноста на италијанската компанија кога станува збор за производство на мали автомобили.

Со оглед на фактот дека српското „Југо“ настана врз основите на оригиналниот „ФИАТ-127“, неизбежно се наметнува прашањето дали е дојдено време и за неговата современа верзија за 21 век.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска