Директорот на Индијан Велс поднесе оставка

Од:

Извршниот директор на Индијан Велс, Рејмонд Мур си поднесе оставка по реакциите во јавноста за секситичките коментари за женскиот тенис.

Информацијата за оставката на Мур ја соопшти сопственикот на турнирот во Индијан Велс, Лери Елисон.

– Реј ме извести дека поднесува неотповиклива оставка на местото извршен директор на турнирот. Во целост ја разбирам ваквата негова одлука, изјави Елисон.

Мур неодамна рече дека „тенисерките треба да клекнат на колена“, за да им се заблагодарат на Роџер Федерер и Рафаел Надал, бидејќи ја кренале цената на спортот, а со тоа и заработката на тенисерките. Следуваа реакции кај тенисерките кои се заканија со бојкот на Индијан Велс. Тој подоцна се извини и се бранеше дека не е добро разбран.

Рејмонд Мур четири години ја извршуваше функцијата извршен директор на Индијан Велс, турнир што веќе три децении важи за еден од најпрестижните покрај четирите Грен слемови.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ