Димовски се повлекува од репрезентацијата

Од:

Капитенот на Металург, Ванчо Димовски во изјава за „Македонски спорт“ во пресрет на дуелот со Динамо Минск во Лигата на Шампионите вели дека ја донел својата одлука за повлекување од националниот дрес, и дека сака место да им даде на помладите во реперзентацијата.

„Светското првентсво во Шпанија беше последно за мене во репрезентацијата. Јас тоа му го најавив и на селекторот Звонко Шундовски, но бидејќи тој не е повеќе селектор, ќе го информирам и новиот стратег на репрезентацијата кога ќе биде избран. Јас сум овде да помогнам на репрезентацијата, но мислам деак веќе е дојдено време да се повлечам. Добро сме покриени на мојата позиција. Веќе полнам 35 години и треба да оставам место за помладите, чие време допрва доаѓа“- вели Ванчо Димовски.

„Што се однесува до мечот со Динамо Минск, тоа ќе биде тежок натпревар. Прв е, не смееме да влеземе во нивниот филм. Нивните напади кратко траат, но по едно две додавања следи удар. Имаат добра одбрана, а ние сме подотвени за нив. Ќе играме на победа. Динамо е добар тим, но ако играме ладнокрвно, како што сме и подготвени, имаме шанса“- додава Димовски.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир