Димовски и Јонуз влијаеле Пандев да не игра за репрезентацијата

Од:

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја разгледа и констатираше оставката на членот на Управниот одбор Серафим Димовски за кој е наведено дека заедно со поранешниот селектор Мирсад Јонуз влијаеле Горан Пандев да не игра за репрезентацијата.

– Оставката на Серафим Димовски не е поднесена по лично барање, туку по барање на претседателот на ФФМ поради неспортско, неетички и однесување спротивно на интересите на репрезентацијата и федерацијата, соопштуваат од куќата на фудбалот.

При тоа се додава дека Управниот одбор на ФФМ заклучи дека Серафим Димовски заедно со поранешниот селектор на А репрезентацијата, Мирсад Јонуз работеле спротивно на интересите на македонскиот фудбал и се обидувале да влијаат на нашиот репрезентативец Горан Пандев, барајќи од него да не настапува за А репрезентацијата на Македонија.

– Сето тоа е спротивно на основниот приоритет во работата на Федерацијата, во А репрезентацијата да бидат вклучени најдобрите македонски фудбалери, односно играчите кои ќе ги одбере селекторот на репрезентацијата, а истовремено да се препознаваат и младите таленти, од земјава и од странство, а кои имаат македонски корени и на нив да се гради нашата фудбалска иднина, стои во информацијата од ФФМ.

Од таму порачуваат дека и во иднина за секого кој нема да работи во интерес на македонскиот фудбал, нема да има место во Фудбалската федерација.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски