Дибирова: Да ја средиме тактиката и ќе биде добро

Од:

Новиот тренер на ЖРК Вардар Ирина Дибирова го одработи првиот тренинг со тимот од кој очекува да се врати на победничките патеки веќе утре на натпреварот со Турингер.

– Голем предизвик е ова. Не знам што да очекувам јас како тренер бидејќи првпат сум во оваа позиција, но од девојките сигурно е дека очекувам да играат добро, да бидат среќни во нивните настапи и да ја израдуваат публиката. Сега ништо брзо не може да се се смени. За понатаму ќе видиме, вели Дибирова по првиот тренинг како главен тренер на македонскиот првак.

Таа ќе раководи со екипата која трипати по ред игра на Ф4 турнирот во Будимпешта, сепак вели дека не чувствува притисок, и дека секој тим и играч секогаш може да играат подобро.

– Можеби е добро, бидејќи не сум била досега тренер, и немам притисок. Јас размислувам како играч, но треба да размислувам и како тренер. Имам добра помош од Ацо Станковски и Едуард Кокшаров. Секоја екипа може подобро да игра, па и Вардар. Имаме одлични играчи со добар квалитет, и треба само да ја средиме малку тактиката и ќе биде добро. Сакам да играме и поагресивно, по борбено, вели Дибирова.

Дибирова на клупата на „црвено-црните“ ќе дебитира утре на меч од лигата на шампионите против Турингер. Натпреварот се игра од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска