Дибирова: Бодовите од Подгорица се тешки, но победивме

Од:

Ракометарките на Вардар на гостувањето во Подгорица го совладаа тимот на Будуќност со 30:25.

Средбите меѓу двата тима изминативе четири години се вистинско балканско ракометно дерби.

Синоќешниот натпревар иако немаше резултатска важност за двата тима, сепак гледавме атрактивна игра без компромиси.

На прес-конференцијата по натпреварот во Подгорица двата тренери ги пренесоа своите размислувања.

– Му честитам на Будуќност за пласманот во четвртфиналето на лигата на шампионите и им посакувам многу успех. Имаат добар тим и одличен тренер, а за една-две години ќе бидат одлична екипа. Ние на овој натпревар не бевме комплетни. Ни недостигаше Андреа Лекиќ. Важно е дека ракометарките го издржаа овој меч, одиграа колку што требаше и пред сѐ победивме. Сите знаеме дека овде секогаш се игра тешко, и уште потешко се освојуваат бодови. Ние успеавме. Сега останува да се фокусираме на следите натпревари од лигата на шампионите, истакна тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.

Вардар оваа сезона во меѓусебните дуели секогаш беше поуспешен од Будуќност.

– Привилегија ни е што сезонава имаме можност за толку средби против Вардар. Ни недостигаат такви средби за да напредуваме. Публиката ни помогна за да издржиме и да дадеме силен отпор. Девојките беа на највисоко ниво сезонава од сите средби против Вардар. Верувам дека оваа игра против Вардар ќе ни даде самодоверба против Ѓер. На Вардар му посакувам да заврши на Ф4, па ако може и да се сретнеме таму. Ако не се сретнеме тогаш му посакувам на Вардар да ја освои титулата бидејќи има одлични ракометарки и одличен стручен штаб, наведе тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ.

Во следната четвртфинална фаза Вардар ќе игра против дански Митјиланд.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска