Дибиров: Во Скопје не се плашиме од никого

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар утре ја пречекува романска Стеауа во четвртиот свој дуел оваа сезона во СЕХА лигата.

Левото крило на „црвено-црните“ Тимур Дибиров изјави дека Вардар на домашен терен секогаш оди на победа, без разлика на ривалот.

– Преферираат стил кој не е карактеристичен за првенството на Романија. Од она што анализиравме видовме акции кои не се својствени за нивното домашно првенство. Очекувам да биде тежок натпревар, но ние во Скопје не се плашиме од никого и против секого одиме на победа, изјави Дибиров.

За тренерот Роберто Гарсија Парондо најважно е да се продолжи со истото темпо како и досега.

– Стеауа е добар тим и во своите редови има ракометари кои играат добар ракомет. Имаме три победи во ова натпреварување, а после победата над Монпелје сме концентрирани само на оваа средба. Важно е да не го загубиме нивото на интензитет и да дојдеме до нова победа.

Вардар е во серија од 29 натпревари по ред во СЕХА Газпром лигата без пораз.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он