Дибиров: Фленсбург не знае каков пекол го очекува во Скопје

Од:

Најдобриот стрелец во тимот на Вардар во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров немаше свој ден на мечот во Фленсбург, постигнувајќи само три гола од 11 обиди, но за рускиот интернационалец најважно е тимот да победува, а не поединците.

– Немав ден на средбата во Флензбург, ниту јас ниту Душебаев. Но, во Скопје сигурно „ќе ги растуриме“. Тие воопшто немаат претстава каков пекол ги чека тука, изјави Дибиров за  клупскиот веб сајт.

Тој смета дека во реваншот поважно е тимот да победи, отколку тој да даде повеќе голови.

– Немав среќа на овој натпревар, но тоа е спортот. Има и вакви натпревари. Сепак најважен е резултатот на екипата, а не моите голови. Ако треба ќе помагам само во одбрана, но важно е да продолжиме понатаму. А таму одат големи екипи, а не големи играчи, смета Дибиров.

Крилото на Вардар со трите гола постигнати во Германија сега има вкупно 69, исто колку и Кирил Лазаров, и останува во Топ-10 на најдобрите стрелци во елитното натпреварување.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар