Деветта титула во низа за Баерн Минхен

Од:

Фудбалерите на Баерн Минхен ја обезбедија денеска деветтата последователна шампионска титула во Бундеслигата, откако нивниот единствен конкурент во трката за трофејот Лајпциг загуби на гостувањето кај Борусија Дортмунд со 3:2.

На две кола до крајот на сезоната, поразот го остави Лајпциг на второто место со 64 бодови, седум помалку од Баерн спроти вечерашниот дуел на „баварците“ на домашен терен од 18:30 часот против Борусија Менхенгладбах.

Шампионската титула е единствениот трофеј сезонава за Баерн Минхен по нивната елиминација претходно во германскиот Куп и Лигата на шампиони.

Во преостанатите три натпревари денеска во рамки на 32. коло во Бундеслигата, Волфсбург направи чекор напред кон обезбедување место во Лигата на шампиони со триумфот дома од 3:0 над Унион Берлин, Хофенхајм со 4:2 го совлада Шалке, а без голови заврши натпреварот меѓу Вердер и Баер Леверкузен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Судијата беше нокаутиран на натпреварот помеѓу Волфсбург и Келн

Предраг Петровиќ

Искусниот фудбалер – Макс Бенет Крузе по осум месеци пауза си најде нов клуб

Предраг Петровиќ

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

Баерн казнет со 200.000 евра поради непочитување на прописите за минимална плата

Горан Наумовски

Садио Мане удри соиграч по поразот од Манчестер Сити

Баерн е на врвот, но „милионерите“ се само три чекори назад