Девет медали за македонските каратисти на турнирот „Златно Звоно“

Од:

Викендов во Младеновац, Србија се одржа Интернационалниот карате турнир „Златно Звоно“ на кој македонските натпреварувачи од клубот Макпетрол освоија вкупно девет медали, од кои 6 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал.

Во екипна конкуренција борби освоени се два златни медали. Првото место го освои:

– машката екипа во конкуренција на постари јуниори (У21), во состав: Емануел Ристевски, Никола Димитриевиќ и Игор Таневски го освои првото место.

– женската екипа во конкуренција на јуниорки во дисциплината борби составена од Моника Пендаровска, Ангела Мојсовска и Ева Блажевска исто така го освои првото место.

Во поединечна конкуренција за мажи постари јуниори остварени се следниве резултати:

1. Емануел Ристевски златен медал категорија +84 кг за постари јуниори (У21),

2. Игор Таневски златен медал во категорија -67 кг за постари јуниори ( У21),

3. Никола Димитриевиќ сребрен медал во категорија -60 кг за постари јуниори (У21).

Во Јуниорска категорија за женски:

1. Ангела Мојсовска златен медал во Јуниорки +59 кг.,

2. Моника Пендаровска сребрен медал Јуниорки -53 кг.,

3. Ева Блажевска бронзен медал кадетки +59 кг.,

4. Емилија Чешмаџиевска златен медал за пионерки родени 2002 година.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје