Детроит славеше против Оклахома во синоќешното дерби од НБА лигата

Од:

Детроит Пистонс со минимални 99-98 славеше над Оклахома Тандерс на гостински терен во синоќешното дерби во НБА лигата.

Домаќините имаа предност во текот на поголемиот дел од натпреварот, а во еден момент таа изнесуваше и 15 поени разлика. Сепак, гостите од Детроит во последната четвртина влегоа со 1 поен негатива. Последната четвртина беше доста изедначена, а последниот напад за победа не го искористи тимот на Оклахома, откако Расел Вестбрук беше непрецизен за три.

Вестбрук оствари трипл-дабл учинок на натпреварот со 27 поени и 11 скока и асистенции. Во тимот на Детроит најуспешен беше Андре Драмон со 17 поени и 14 скокови.

Детроит во моментов е втор во Источната конференција зад Бостон. Пистонс имаат 12 победи и 6 порзи, додека Бостон има скор од 17-3, откако синоќа славеа над Орландо со 118-103.

Актуелниот шампион Голден Стејт славеше со убедливи 143-97 против Чикаго. Најуспешни беа Стеф Кари со 33 и Клеј Томпсон со 29 поени.

Минатогодишниот финалист, Кливленд победи против Шарлот со 1 поен разлика, 100-99, а најуспешен беше Леброн Џејмс со остварен трипл-дабл со 27 поени, 16 скока и 12 асистенции.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот