Детроит ја прекина низата на Сан Антонио

Од:

Сан Антонио, екипата со најдобар скор во НБА лигата, доживеа непријатно изненадување на гостувањето кај Детроит и го претрпе 12-от пораз оваа сезона. Ова беше крај на победничката серија за „мамузите“ во која постигнаа 11 триумфи, а последниот пораз го имаа на 11 јануари од Мемфис.

Најдобар играч на натпреварот беше Грег Монро, кој имаше 26 поени и 16 скокови, а одлична помош имаше од Бредли Најт и Чарли Вилануева, кои реализираа по 24 ,односно 21 поен.

Од другите натпревари за одбележување е и високата победа на шампионот Мајами над Лос Анџелес Клиперс, додека Орландо го претрпе и 12-от пораз по ред.

На ноќеска одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Вашингтон – Бруклин 89:74, Шарлот – Лос Анџелес Лејкер 93:100, Индијана – Торонто 98:100 (продолжение), Атланта – Њу Орлеанс 100:111, Детроит – Сан Антонио 119:109, Кливленд – Орландо 119:108, Мајами – Лос Анџелес Клиперс 111:89, Мемфис – Голден Стејт 99:93, Хјустон – Портланд 118:103, Оклахома Сити – Феникс 127:96, Минесота – Њујорк 94:100 и Јута – Чикаго 89:93.

Вечерва играат: Кливленд – Денвер, Филаделфија – Шарлот, Милвоки – Детроит, Далас – Голден Стејт и Сакраменто – Јута.

Пласман Источна конференција: Мајами 33-14 (победи-порази), Њујорк 32-16, Индијана 31-20, Чикаго 30-20, Бруклин 29-21,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 39-12, Оклахома Сити 38-12, Л.А.Клиперс 35-17, Денвер 32-18, Мемфис 31-18,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ