Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Од:

Стрелецот на единствениот гол за Реал против РБ Лајпциг, Винисиус Жуниор одлично помина кај судијата Маса, кој му покажа само жолт картон за стартот врз Орбан.

Тоа беа, всушност, две нервозни реакции на Бразилецот во дуелот со капитенот на гостите.

Прво го собори одзади, а потоа веднаш со двете раце го фати Орбан за врат и го собори, иако имаше и доза театралност од фудбалерот на Лајпциг.

Сепак, тоа не го менува главниот впечаток дека италијанскиот судија можеше (и мораше) да му покаже црвен картон на Винисиус за овој напад во 54. минута.

Очигледно Маса не ја видел така оваа грубост на играчот на Реал.

Фудбалерите на германскиот тим веднаш побараа црвен картон за Бразилецот. Италијанецот не им ја исполни желбата.

Недолго потоа, Винисиус го постигна водечкиот гол за мадриѓаните, кои и покрај тоа до самиот крај беа загрижени мечот да не оди во продолженија.

Интересно, Орбан беше тој што израмни за гостите веднаш по голот на Винисиус.

Би можело да ве интересира

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

ВИДЕО: Нападот на Винисиус над Столе доби и цртан филм

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Му се заканува жестока казна на Винисиус јуниор поради инцидентот со Столе Димитриевски

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони