Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ, е казнет со 1.000 евра поради одбивање да направи алкотест, неофицијално дознава „Вијести“.
Покрај казната, на Савиќевиќ му се изречени и три казнени поени. Судот за прекршоци во Будва, поточно одделот Херцег Нови, исто така пресуди дека Савиќевиќ нема да може да управува со моторно возило во следните четири месеци.
Инцидентот се случи вчера, кога полициска патрола го запрела Савиќевиќ и побарала да направи алкотест, но тој одбил. Тој е обвинет за пребрзо возење и престигнување преку полна линија.
Савиќевиќ претходно бил осудуван за слични прекршоци, а „Вијести“ објавува дека не сакал да даде изјава во врска со оваа ситуација. Да потсетиме дека неодамна беше реизбран за прв човек на црногорскиот фудбал.