Измамите од наводниот Дејан не може да ги гони полицијата, а со тоа ниту да го најде

Од:

За два месеци полицијата добила 35 кривични пријави за измама. Шест измамници се фатени, а засега се недоприливи. Од сите пријави добиени во септември и октомври, само осум се расчистени.

Во овие добиени пријави, не спаѓаат измамите како оние ги прави наводниот Дејан, кој наместо да плати за услуги кои ги нарачува од угостители, тој успева да изнуди пари од нив. Тие пријави, според МВР, се гонат по приватна тужба, бидејќи штетата е мала. Има и пријави кои воопшто не се евидентирани бидејќи полицијата одбила да ги прими, поради висината на штетата.

„Во месец ноември 2022 има евидентирано 3 кривични дела измама кои се гонат по приватна тужба поради што материјалната штета се движи од 10 000 до 13400 денари, каде што оштетени се 3 правни лица“, велат од МВР за „А1он“.

Полицијата вели дека активно презема мерки за расчистување и на останатите 27 измами, каде висината на штетата е поголема и се разликуваат од измамите кои ги прави наводниот Дејан.

„Најчесто станува збор за измами во врска со набавка на материјали за огрев, сообраќајни незгоди, добивање кредити, купо-продажба на производи и сл“, додаваат од МВР.

„А1он“ објави како изминативе месеци се прават измами на угостители во Скопје. Лице кое се претставува како Дејан, Дејан Николовски, Дејан од Хуго, доктор Дејан, нарачува угостителски услуги, а потоа, наместо да ги плати, угостителите плаќаат за него. Првиот случај за кој објавивме е од измамен добавувач на пијалаци. Но не е и единствен. Веднаш по овој, „А1он“ дојде и до други сознанија за измамени граѓани, каде што мета биле сопственик на ресторан и девојки најмени за декорација.

Би можело да ве интересира

Измамник земал пари од лековерни граѓани

Поднесено обвинение против еден од најголемите лажговци во американската политика

Кривична доби затвореникот од „Идризово“ кој се сомничи дека е лажниот Дејан што измамува бизнисмени

Фатена е мистериозната Ивана која се гоштеваше по ресторани претставувајќи се од Општина Ѓорче Петров

Кристијан Ландов

Лажниот Дејан води до затворот „Идризово“: Стои ли затвореник зад измамите на угостители во Скопје

Кристијан Ландов

По објавите од „А1он“, нов угостител пријавил измама од наводниот Дејан која се случила минатиот месец

Кристијан Ландов