Два златни, шест сребрени и два бронзени медала освоија младите каратисти од карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци, на државното првенство за натпреварувачи од 11 до 14 години во кати, кое вчера се одржа во спортската сала на ОУ “Наум Наумовски Борче” во Скопје.
За ова денеска информираше Ивана Аврамова, тренер во клубот.
– Освојувачите на медали се стекнаа со право за настап на престојното Балканско првенство за натпреварувачи од 11 до 14 години, што ќе се одржи од 19 до 21 мај во Истанбул, Турција, соопшти Аврамова.