Десет изјави на Жозе Мурињо што ќе се паметат

Од:

Славниот тренер на повеќе европски клубови, Жозе Мурињо имаше не толку импресивен почеток на сезоната во Манчестер јунајтед, па деновиве доби и отказ, што е главна тема во светските спортски медиуми.

Освен по спортските успеси и титулите во минатото, Мурињо е познат и по своите зајадливи, саркастични, па дури и надмени, цинични шеги. Еве некои од нив…

1. „Јас сум Жозе Мурињо и не се менувам. Доаѓам со сите мои квалитети и недостатоци.”

2. „Мислам дека тој (Арсен Венгер) е воајер. Ми се чини дека тој ужива да ги шпионира луѓето. Има поединци кои, кога се сами дома, вадат двоглед и гледаат низ прозорецот што се случува во другите куќи. Тој само за Челзи зборува!”

3. „Младите играчи се како диња. Дури кога ќе го загризете плодот, ќе знаете со сигурност од 100 отсто дека е добар.”

4. „Имаме врвни играчи, и извинете ако звучам како арогантен и врвен тренер!”

5. „Не сакам да ја освојам Лигата на Европа. Тоа ќе биде големо разочарување за мене. Не сакам моите играчи да добијат впечаток дека овој натпревар е нивниот врв.”

6. „Ако некогаш направите филм за мене, треба да го одберете Џорџ Клуни за да ме претставите. Тој е одличен глумец и мојата сопруга мисли дека тој би бил совршен, како и јас.”

7. „Има многу поети во фудбалот, но тие не освојуваат титули”.

8. „Дали е можно Меси да добие суспензија за глума? Барселона е главен град на културата, со многу врвни театри и овој човек очевидно многу научил од сето тоа.”

9. „Секој пат кога играме против тимот на Пеп Гвардиола, завршуваме со 10 играчи. Тоа мора да е ново правило на УЕФА. “

10. „Ако му дозволите на Роман Абрамович да се вмеша во тренерската работа, (Челзи) ќе завршат на дното од табелата. Исто како што, ако јас го преземам финансиското управување со клубот, ќе банкротираме.”

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ