Дерик Роуз ќе ја доигра сезоната во Минесота

Од:

Бекот Дерик Роуз ќе ја доигра сезоната во НБА во Минесота Тимбервулвс, објави „ЕСПН“.

Дваесет и девет годишниот Роуз е без тим од 10 февруари, кога беше ослободен од Јута Џез.

Роуз ја започна сезоната во тимот на Кливленд Кавалирс, но по само 16 натпревари и неколку повреди на 8 февруари замина во Јута, каде не запиша ниту минута.

Во Минесота, Роуз ќе работи со неговиот поранешен ментор, Том Тибодо. Под негово раководство плејмејкерот ја освои наградата за МВП во НБА во 2011 година како играч на Чикаго Булс, но по серијата тешки повреди кариерата му тргна надолу.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот