Кошаркарите на Оклахома Сити остварија победа во дербито со Сан Антонио и се зацвстија на првата позиција на Западната конференција од НБА лигата со 20 победи. Најзаслужен за триумфот беше Серхи Ибака во 25 поени и 17 скокови.
Од ноќеска одиграните натпревари за одбележување е првиот пораз на Њујорк Никс на домашен терен, во „Медисон Сквер Гарден“ победа оствари екипата на Хјустон.
Резултати постигнати на ноќешните натпревари од НБА лигата: Орландо – Минесота 102:93, Њујорк – Хјустон 96:109, Детроит – Лос Анџелес Клиперс 76:88, Мемфис – Чикаго 80:71, Оклахома Сити – Сан Антонио 107:93 и Феникс – Сакраменто 101:90.
Вечерва се играат натпреварите: Вашингтон – Атланта, Кливленд – Торонто, Бруклин – Јута, Мајами – Минесота, Чикаго – Бостон, Милвоки – Индијана, Далас – Филаделфија, Денвер – Сан Антонио, Лос Анџелес Лејкрес – Шарлот и Голден Стејт – Њу Орлеанс.
Пласман Источна конференција: Њуорк 18-6 (победи-порази), Мајами 15-6, Атланта 14-7, Чикаго 13-10, Бруклин 13-10,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 20-4, Лос Анџелес Клиперс 18-6, Сан Антонио 19-7, Мемфис 16-6, Голден Стејт 16-8,…