Дербито во СЕХА помеѓу Загреб и Вардар официјално е одложено

Од:

Натпреварот од СЕХА лигата помеѓу ППД Загреб и Вардар што требаше да се одигра в сабота 12 септември е одложен поради случај со труење во редовите на хрватскиот првак.

Пет играчи и тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ, добија труење од храна од гостувањето во Белорусија кај Брест и нема да можат да закрепнат на време до сабота. Сите погодени членови на хрватскиот тим завршија во болница во Брест.

Новиот термин за одигрување допрва ќе се одредува, а местото веројатно ќе остане исто, Вараждин, откако Загреб има проблеми со користењето на „Арена“.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир