Денвер со 9-та победа по ред

Од:

Нагетси ја продолжија победничката низа на гостувањето кај Кливленд, каде славеа со 111:103.

Тоа беше 15 победа во последните 17 натпревари за Денвер и деветта во низа што е нивни втор најдобар резултат во историјата. Десет победи по ред остварија во март и април во 2005. година. Иако играат одлично, никој од кошаркарите на Денвер нема да се најде на Ол стар мечот.

„Сакаме да го шокираме светот и да станеме првата екипа која станала НБА првак без Ол стар играчи“,- прокоментирал тренерот Џорџ Карл

Најефикасен во победничкиот тим беше Данило Галинари со 19 поени и 9 скока, а Андре Игудала додаде 14 коша, четири скока и седум асистенции.

Кај Кавси се истакна Кајри Ирвинг со 26 поени, шест скока и седум асистенции.

Детроит постигна втора победа по ред во НБА лигата, откако претходниот ден дома го победи Сан Антонио, ноќеска славеше против Милвоки на гости.

Клучна за победата на гостите беше тројката на Чарли Вилануева на десет секунди до крајот, за водство од 103:100.

Одличен настап имаше Хозе Калдерон со остварен „дабл-дабл“ – 23 поени и 10 асистенции. И Вилануева натпреварот го заврши со „дабл-дабл“ учинок – 18 поени и 13 скокови.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Кливленд – Денвер 103:111, Филаделфија – Шарлот 87:76, Милвоки – Детроит 100:105, Далас – Голден Стејт 116:91 и Сакраменто – Јута 120:109.

Вечерва се играат девет натпревари: Њујорк – Лос Анџелес Клиперс, Мајами – Лос Анџелес Лејкерс, Бостон -Денвер, Торонто – Њу Орлеанс, Орландо – Портланд, Мемфис – Минесота, Бруклин – Сан Антонио, Феникс – Оклахома Сити и Сакраменто – Хјустон.

Пласман Источна конференција: Мајами 33-14 (победи-порази), Њујорк 32-16, Индијана 31-20, Чикаго 30-20, Бруклин 29-21,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 39-12, Оклахома Сити 38-12, Л.А.Клиперс 35-17, Денвер 33-18, Мемфис 31-18,…

Би можело да ве интересира

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ