Сенегалскиот напаѓач, 36-годишниот Демба Ба ја заврши фудбалската кариера во која во текот на 16 сезони настапуваше за бројни клубови, вклучувајќи ги премиерлигашите Челзи, Вест Хем и Њукасл.
– Објавувам крај на играчката кариера, но срцето ми е исполнето со благодарност. Покрај потта и солзите, фудбалот ми пружи многу убави емоции, од навивачите па сè до врските кои ги стекнав со своите соиграчи и тоа засекогаш ќе остане во моето срце, објави Демба Ба на својот Твитер профил.
Во Челзи мина само една сезона и постигна 14 голови, додека во Њукасл за две сезони запиша 29 погодоци.
Со Бешикташ ја освои шампионска титула во Турција во 2017 година, повторувајќи го успехот во 2020 година со екипата на Башакшехир.
Негов последен клуб беше швајцарски Лугано со кој се раздели минатиот месец.
Во кариерата настапи на 22 натпревари за репрезентацијата на Сенегал и постигна три голови.