Дејвид Стерн најави повлекување од НБА лигата

Од:

Комесарот на НБА лигата, Дејвид Стерн, најави дека на 1. февруари 2014 година ќе се повлече од функцијата.

Кога ќе се повлече, Стерн, ќе има 30-годишен стаж на местото прв човек, во најсилната кошаркарска лига во светот. Негов заменик ќе биде сегашниот прв помошник Адам Силвер.

„Не знам што да кажам, само можам да го соопштам она што им го кажав на сопствениците на состанокот во средата. Беше ова извонреден период, кој ќе продолжи и во следните 15 години“, рече Стерн.

Првиот човек на НБА лигата дополни дека е исклучително е задоволен, што негов наследник ќе биде Силвер.

„Задоволен сум од изборот, Адам е бизнисмен од светска класа, кој влијаеше врз многу аспекти во оваа работа, во последните 20 години. Знам дека оваа организација ќе биде во добри раце и кога тој ќе стане комесар“, заклучи Стерн.

Новата сезона во НБА лигата ќе стартува на 30. октомври, титулата ќе ја брани екипата на Мајами.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on