Врз основа на постигнатите резултати во 2021 година, Управниот одбор на Македонската традиционална карате федерација го прогласи КФ на последната седница донесе одлука за наградување на најдобрите каратисти во неколку категории за 2021 година. Најдобар сениор е Дејан Недев, европскиот шампион во кати поединечно.
Кај сениорките наградата и припадна на Јадранка Недева, европска шамионка во кати, кумите, фукого и ката тим.
Тренер на годината е Аљоша Недев.
Победници во младинските категории се:
Максимилијан Глигоров и Мила Саздова – младинци
Антонија Белазелкоска и Максим Илиев – јуниори
Мила Младеновска и Иван Трпковски – кадети 14-15 год.
Матеј Мангаровски и Марта Димковска – деца 12-13 год.
Лука Крстевски и Камелија Недев – деца 9-11 год.
Филип Недев и Ели Василева – деца 6-8 год.
Наградата за судии на годината им припадна на Ристо Сакалиев и Сашо Спасовски.
За придонес во развојот на традиционалното карате во нашата држава, МТКФ ги награди министерот за здравство Венко Филипче, директорот на АМС Наумче Мојсовски, претседателот на МОК Даниел Димевски, како и повеќе компании.