Македонскиот скијач Дардан Дехари се наоѓа на 64.то место по првата велеслаломска трка на Светското првенство што се одржува во Бивер Крик.
Дехари патеката ја мина за 1:26.30 минута и има заостанување од 11.12 секунди зад првопласираниот Марсел Хиршер од Австрија. На стартот на првата трка беа пријавени 100 скијачи, а пласман постигнаа 78. Дехари има стартен број 80.
Првиот, Хиршер патеката ја мина за 1:15.18 минута.
Второ време постигна Роберто Нани од Италија (заостанување 18 стотинки), а третото место го делат Фелик Нојројтер од Австрија и Алексис Пинтуро од Франција (заостанување 23 стотинки). Американецот Тед Лигети е петти со заостанување од 24 стотонки.
Втората трка ќе стартува во 22:15 часот по македонско време.
Од фаворитите без пласман остнаа Бенџамин Рајх од Австрија, како и француските скијачи Томас Фанара и Матју Февре.